Истражување: Бројот на хоспитализирани пациенти опаѓа по првата доза на вакцината против Ковид-19
Вакцините на Фајзер/БајоНтек и АстраЗенека/Оксфорд значително го намалуваат ризикот од хоспитализација кај пациентите заразени со Ковид-19 по примањето на првата доза од вакцината, покажува истражувањето,

ЛОНДОН
Вакцините на Фајзер/БајоНтек и АстраЗенека/Оксфорд значително го намалуваат ризикот од хоспитализација кај пациентите заразени со Ковид-19 по примањето на првата доза од вакцината, покажува истражувањето, јавува Агенција Анадолија (АА).
Истражувањето спроведено врз пациентите заразени со Ковид-19 по примањето на првата доза од вакцината во Шкотска, покажува дека ризикот од хоспитализација како последица на вирусот е намален за 85 отсто со вакцината на Фајзер/БајоНтек и за 94 отсто со вакцината на АстраЗенека/Оксфорд по четири недели од нејзиното примање.
Истражувањето ги вклучува собраните информации од целата шкотска популација од 5,4 милиони, што беа анализирани од експертите од универзитетите „Единбург“, „Стратклајд“, „Аберден“, „Глазгов“ и „Сент Ендрус“, како и од Јавното здравство на Шкотска (PHS).
„Овие резултати се многу охрабрувачки и ни дадоа големи причини да бидеме оптимистични за иднината“, рече водечкиот истражувач, професорот Азиз Шеик.
„Сега имаме национални докази - низ целата земја - дека вакцинацијата обезбедува заштита од хоспитализациите како последица на Ковид-19.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.