свет, Коронавирус

Индија со нов рекорден број од 414.188 заразени со Ковид-19 за едно деноноќие

Во истиот период во земјата починале 3.915 лица, со што смртните случаи поврзани со вирусот се искачија на 234.083.

Ekipa   | 07.05.2021
Индија со нов рекорден број од 414.188 заразени со Ковид-19 за едно деноноќие

ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во Индија во изминатите 24 часа регистриран е нов рекорден број на заразени, над 414.000, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ова е вториот последователен ден во кој земјата евидентира над 400.000 случаи, откако вчера (четврток) се регистрирани 412.262 новозаразени.

Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека во изминатото деноноќие со Ковид-19 дијагностицирани се 414.188 новозаразени, со што вкупниот број на случаи во земјата достигна 21,49 милиони. Во истиот период починале 3.915 лица, со што смртните случаи поврзани со вирусот се искачија на 234.083.

Индија се бори со вториот смртоносен бран на пандемијата што сериозно го стави на колена здравствениот систем на земјата. Болниците во земјата се преполни со пациенти, што доведе до акутен недостиг на кревети.

Бидејќи земјата продолжува да бележи експоненцијален пораст на случаите, интервенираат многу судови. Високиот суд во Њу Делхи вчера им нареди на властите да обезбедат медицинска нега за сите луѓе заразени со коронавирусот во главниот град.

Земјата од 27 април добива меѓународни донации во медицински материјали и опрема за помош во борбата со Ковид-19. Владата се соочува со тешки прашања бидејќи многу болници велат дека помошта не стигнала до нив.

Министерството за здравство во соопштението објавено доцна синоќа истакнува дека „сета помош добиена до 5 мај 2021 година е ефикасно распределена и навремено испратена до [сојузните] државите/институциите“.

Врвен индиски научник неделава предупреди дека во земјата е неизбежен трет бран на коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın