свет, Коронавирус

Индија: Од Ковид-19 починаа уште 3.890 лица

Во Индија, која има околу 1,4 милијарди жители, кампањата за масовна имунизација започна на 16 јануари, а досега се дадени 180.457.579 дози вакцини

Nuri Aydın   | 15.05.2021
Индија: Од Ковид-19 починаа уште 3.890 лица

ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во последните 24 часа во Индија од последиците на коронавирусот починаа 3.890 лица, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Министерството за здравство на Индија денеска соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 326.098 случаи на коронавирусот.

Експертите веруваат дека вистинските бројки на заразени и починати може да се многу поголеми од официјалните податоци.

Во Индија досега со коронавирусот заразени се најмалку 24.372.907 лица, додека како последица на инфекцијата починаа 266.208 лица. Активни се 3.673.780 случаи на Ковид-19.

Во Њу Делхи, каде што на 22 април, во еден ден, беа регистрирани повеќе од 26.000 случаи на коронавирусот, во изминатото деноноќие се регистрирани 8.506 новозаразени.

Во Мумбај, кој има околу 12,5 милиони жители, на 4 април беа регистрирани повеќе од 11.000 новозаразени, а во изминатите 24 часа помалку од 2.000.

Индискиот премиер Нарендра Моди го повика населението да се придржува кон мерките за заеднички да ја победат пандемијата.

Во Индија, која има околу 1,4 милијарди жители, кампањата за масовна имунизација започна на 16 јануари, а досега се дадени 180.457.579 дози вакцини. Сепак, сè уште не е постигнато нивото потребно за запирање на ширењето на пандемијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın