свет, Коронавирус

Илјадници медицински работници го напуштија Вухан по успешната борба со Ковид-19

- Весникот „China Daily“ објави дека локалните официјални претставници на Вухан денес испратиле околу 7.000 медицински работници кои потоа во полициска придружба биле однесени на аеродромот, од каде се вратиле во своите родни краеви низ Кина.

Islam Uddin   | 31.03.2020
Илјадници медицински работници го напуштија Вухан по успешната борба со Ковид-19

ИСЛАМАБАД 

Илјадници медицински работници го напуштија денес кинескиот град Вухан и се враќаат во своите родни градови, по успешната мисија на борбата против коронавиурсот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Весникот „China Daily“ јавува дека локалните официјални претставници на Вухан денес испратиле околу 7.000 медицински работници кои потоа во полициска придружба биле однесени на аеродромот, од каде се вратиле во своите родни краеви низ Кина.

Тоа е најголема група на лекари и медицинари кои го напуштија Вухан со 51 чартер летови.

По епидемијата на Ковид-19 во Вухан, кинеската влада донесе 42.000 медицински работници од другите делови на земјата за да се придружат во борбата против коронавирусот, објави весникот.

На 24 март, властите во Хубеи објавија дека ограничувањето на движењето кое трае со месеци во Вухан ќе биде укинато на 8 април.

Во градот од 11 милиони жители на 23 јануари беше прогласена вонредна состојба и ограничено движење за да се спречи ширењето на коронавирусот, од чии последици починаа повеќе од 3.000 лица и беа заразени повеќе од 82.000 лица низ Кина.

По епидемијата во Вухан која се појави во декември минатата година, вирусот неодамна се прошири во уште најмалку 178 земји и региони низ светот, чиј епицентар стана Европа, додека Кина излегува од кризата.

Според податоците на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, од последиците предизвикани од вирусот починаа повеќе од 39.000 лица, а заразени се повеќе од 803.000 ширум светот, додека околу 172.600 лица се излекувани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.