свет, Коронавирус

Израел дозволи влез на вакцините против Ковид-19 во Газа

Пратката вакцини во Газа ќе биде дозволено да влезе преку граничниот премин „Беит Ханун (Ерез)

Mahmoud Mohamed Barakat   | 17.02.2021
Израел дозволи влез на вакцините против Ковид-19 во Газа

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израел денес ѝ дозволи на палестинските власти да испратат вакцини против коронавирусот во блокираниот Појас Газа, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Весникот „Маарив“ објави дека Владата на Израел ѝ дозволила на палестинските власти со седиште во Рамала да испратат 1.000 дози од руската вакцина „Спутник V“ во енклавата.

Пратката вакцини во Газа ќе биде дозволено да влезе преку граничниот премин „Беит Ханун (Ерез).

Ова е прв пат Израел да дозволи влез на вакцините во Газа.

Палестинските власти во понеделникот соопштија дека Израел го забранил влезот на 2.000 дози од руската вакцина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın