свет, Коронавирус

ЕУ потпиша нов договор за вакцина против Ковид-19

Европската комисија во име на земјите од ЕУ ќе може да купи до 400 милиони дози вакцини

Ömer Tuğrul Çam   | 21.10.2020
ЕУ потпиша нов договор за вакцина против Ковид-19

БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) со компанијата „Џонсон и Џонсон“, производителот на лекови, потпиша договор за набавка на вакцини, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Европската комисија, Комисијата во име на земјите од ЕУ ќе може да купи до 400 милиони дози вакцини.

Се наведува дека компанијата „Џонсон и Џонсон“ се наоѓа во третата фаза на испитување на вакцини.

Европската Унија (ЕУ) претходно за набавка на вакцини потпиша договори со фармацевтските компании „АстраЗенека“ и „Санофи-ГСК“, а исто така соопшти дека преговорите за купување вакцини со компаниите „КјуреВак“, „БајоНТех-Фајзер“ и „Модерна“ биле успешни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın