свет, Коронавирус

ЕУ до летото планира воведување дигитален сертификат за вакцинирање против коронавирусот

- Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лејен, одржа прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел, на крајот од првиот ден од Самитот на лидерите на ЕУ

Ömer Tuğrul Çam,Ata Ufuk Şeker   | 26.02.2021
ЕУ до летото планира воведување дигитален сертификат за вакцинирање против коронавирусот

БРИСЕЛ

Европската Унија (ЕУ) има за цел до летото да воведе сертификати за вакцинирање кои ќе им овозможат на лицата вакцинирани против новиот вид на коронавирусот да патуваат слободно, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лејен, одржа прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел, на крајот од првиот ден од Самитот на лидерите на ЕУ, на кој се разговараше за кризата предизвикана со пандемијата на коронавирусот.

Вон дер Лејен нагласи дека прашањето за потврдата за вакцинацијата е детално разгледано и дека она за што ќе се користи таков документ е политичка одлука која ќе ја донесе секоја земја посебно.

Наведувајќи дека постојат потреби за информации како што е научното мислење за тоа како се спречува заразата и колку долго вакцината пружа заштита, Вон дер Лејен изјави дека ветувачки резултати започнале да доаѓаат од земјите како што е Израел.

Како што изјави таа, според досегашните технички студии за сертификатот, документот ќе содржи основни медицински податоци за видот на вакцината која е користена, каде е произведена и за тоа дали лицето прележало Ковид-19. Таа нагласи дека системот треба да се интегрира во здравството и во граничните системи на земјите на ЕУ.

„Подготовката на дигиталниот сертификат за вакцинација ќе потрае најмалку три месеци“, изјави Вон дер Лејен.

Сертификатот, според податоците за вакцинација, ќе има и резултати за негативен ПЦР-тест, дали лицето прележало коронавирус и дали има антитела.

„Доколку таков сертификат сакаме да примениме до летото, државите членки би требало брзо да го дистрибуираат до здравствените и граничните органи“, додаде Вон дер Лејен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.