Турција, Коронавирус

Ердоган покрена национална кампања на солидарност за помош во борбата против Ковид-19

- Ердоган нагласи дека целта на оваа кампања ќе биде да се обезбеди додатна поддршка за луѓето со ниски приходи кои страдаат економски како последица на мерките преземени против ширењето на вирусот.

Nurettin Coşkun   | 30.03.2020
Ердоган покрена национална кампања на солидарност за помош во борбата против Ковид-19

Istanbul

ИСТАНБУЛ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес покрена национална кампања на солидарност за помош во борбата против новиот тип на коронавирус, со што за оваа иницијатива донираше седум сопствени месечни плати, јавува Агенција Анадолија (АА).

Тој истакна дека Турција до сега преземала голем број мерки за да им помогне на граѓаните кои најтешко се погодени од епидемијата.

„Ја покренувам кампањата лично донирајќи мои седум месечни плати“, изјави Ердоган во своето обраќање до нацијата.

Членовите на кабинетот во Владата и пратениците донираа 5,2 милиони турски лири (791.000 долари) за кампањата, додаде тој.

„Во рамките на тоа за две милиони домаќинства од програмата за социјална помош ќе бидат поделени по 1.000 лири помош“, изјави турскиот претседател, додавајќи дека здравствените работници, кои вложуваат огромни напори во борбата против коронавирусот, ќе бидат посебно наградени со додатни стимулации.

Тој нагласи дека целта на оваа кампања ќе биде да се обезбеди додатна поддршка за луѓето со ниски приходи кои страдаат економски како последица на мерките преземени против ширењето на вирусот.

- Турција работи на вакцина против коронавирусот 

„Турција ги презеде мерките против Ковид-19 пред многу земји, одлучни сме и во наредните чекори против ширењето на коронавирусот“, изјави Ердоган во обраќањето на нацијата.

Тој истакна дека е многу важно во екот на пандемијата на Ковид-19, здравствениот систем да функционира добро.

„Во време на пандемија најважно е да одржиме стабилност на здравствениот систем. Турција забрзано отвора нови болници, истовремено јакнејќи ги постоечките во услови на пандемијата на Ковид-19“, изјави Ердоган.

Ердоган нагласи дека Турција има подобри медицински установи во споредба со другите земји во борба против вирусот, велејќи: „Турција забрзано отвора нови болници, истовремено јакнејќи ги постоечките во услови на пандемијата на Ковид-19“.

Тој исто така истакна дека се вложуваат напорите од страна на турските екперти за производство на респиратори и вакцина за вирусот.

„Наша цел е да постигнеме сериозни резултати до крајот на оваа година“, додаде тој.

- Турција не се соочува со проблеми во однос на снабдувањето со храна

Претседател Ердоган истакна дека неговата земја на време ги донела потребните мерки во борбата против глобалната пандемија на коронавирус, истакнувајќи дека неговата земја нема никакви проблеми ни кога се во прашање прехрамбените продукти.

Тој, исто така, истакна дека Турција не се соочила со проблеми во однос на снабдувањето со храна и дека има суфицит во земјоделското производство.

„Немаме проблем ни со храната. Бидејќи нашата држава сама ги произведува сите основни производи, нашите залихи на храна и ланците на снабдување се на ниво кое ги задоволува нашите потреби“, изјави претседателот на Турција.

- 41 села и населби се под карантин 

„Решени сме да ги искористиме сите средства за да го спречиме ширењето на вирусот“, рече тој, потенцирајќи дека земјата сега е во можност да спроведе повеќе од 10.000 тестирања на ден.

„Околу 41 населби и села се под карантин во земјата“, рече тој, повикувајќи ја јавноста да се самоизолира во нивните домови.

Министерството за здравство на Турција соопшти дека вкупниот број на потврдени случаи во земјата на заразување се искачил на 10.827, при што уште 1.610 лица биле позитивни на тестот.

Вкупно 162 пациентри се излекувани и се пуштени од болница од почетокот на епидемијата, а 725 пациенти се на интензивна нега.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın