свет, Коронавирус

Европската агенција за лекови го започна процесот на прелиминарната проценка на вакцината Синовак

Европската агенција за лекови (ЕМА) го започна прелиминарниот процес на проценка на вакцината развиена од кинеската компанија „Синовак“ против новиот вид коронавирус, што се користи и во Турција.

Ömer Tuğrul Çam   | 04.05.2021
Европската агенција за лекови го започна процесот на прелиминарната проценка на вакцината Синовак

БРИСЕЛ

Европската агенција за лекови (ЕМА) го започна прелиминарниот процес на проценка на вакцината развиена од кинеската компанија „Синовак“ против новиот вид коронавирус, што се користи и во Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Европската агенција за лекови (ЕМА) истакна дека е донесена одлука за започнување на претпроценка на „Неактивната вакцина Ковид-19 (Vero Cell)“ врз основа на првите резултати добиени од лабораториските и клиничките студии.

Како резултат на првите испитувања, се наведува дека вакцината произведува антитела против вирусот Ковид-19.

Процесот на проценка ќе продолжи сè додека не се добијат доволно докази за официјално одобрување на вакцината за употреба во ЕУ.

Во овој процес, ќе се процени дали вакцината ги исполнува стандардите на ЕУ во однос на ефективноста, безбедноста и квалитетот.

Претставниците на ЕМА не дадоа информации за тоа колку време ќе трае проценката.

Сепак, благодарение на процесот на претпроценка, ЕМА може да донесе одлуки за употреба на вакцината за многу пократко време од вообичаеното.

ЕМА моментално ги проценува вакцините „Кјурвак“, „Новавакс“ и „Спутник V“.

На тие вакцини додадена е и вакцината на кинеската компанија „Синовак“.

Европската агенција за лекови (EMA) досега ја одобри употребата на четири вакцини против коронавирусот во членките на ЕУ. Тоа се вакцини што ги произведоа компаниите „БајоНТех-Фајзер“, „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın