свет, Коронавирус

Европа ги заострува мерките пред опасноста од втор бран на Ковид-19

Во земјите во кои со доаѓањето на летото дојде до намалување на бројката на новозаразени, се забележува раст и искачување над нивото на заразени кои беа регистрирани на почетокот на пандемијата...

Ekipa   | 23.09.2020
Европа ги заострува мерките пред опасноста од втор бран на Ковид-19

САРАЕВО (AA) - ЕКИПА -

Поголем број земји од Европа, со зголемувањето на бројката на новозаразени на дневно ниво, започнаа да ги заоструваат мерките пред опасноста од втор бран на Ковид-19, пишува Агенција Анадолија (АА).

Во земјите во кои со доаѓањето на летото дојде до намалување на бројката на новозаразени, се забележува раст и искачување над нивото на заразени кои беа регистрирани на почетокот на пандемијата, со што одново започнаа да се применуваат заострени мерки против ширењето на пандемијата.

Велика Британија во која што е регистриран најголем број смртни случаи од Ковид-19 во Европа, е една од земјите каде што во последно време се зголемува бројката на нови случаи на заразување.

Во периодот од 27 јуни до 8 август просечниот број нови случаи на дневно ниво во Велика Британија беше под 1.000, а во последната недела се искачи на приближно 3.800.

Бројката од 4.422 нови случаи на заразување која беше детектирана во петокот на 18 септември е највисока евидентирана бројка на дневно ниво по 8 мај, кога во земјата беа откриени 4.649 случаи на Ковид-19.

Владиниот консултант за наука, Патрик Валенс, посочи дека случаите на Ковид-19 секоја недела двојно се зголемуваат, предупредувајќи дека доколку трендот на раст на новозаразени во земјата продолжи со ова темпо, кон средината на октомври би можело да се детектираат и по 50.000 случаи дневно.

- Нови мерки во Велика Британија -

Почнувајќи од 18 септември, во Велика Британија се воведени нови ограничувања во регионите на Нортумберленд, Северен и Јужен Тајнесајд, Њукасл-на-Тајн, Гејтсхед, Сандерленд и Дурам поради зголемениот број на новозаразени со Ковид-19. Британските власти објавија дека на оние што живеат во овие региони им е забрането дружење со други луѓе, освен со членовите на домаќинствата, прехранбениот сектор нема да прифаќа клиенти на маса, а местата за забава ќе бидат затворени по 22:00 часот.

Со оглед на зголемените случаи на заразени во земјата, почнувајќи од 14 септември, забрането е дружење на повеќе од 6 лица.

Британскиот премиер Борис Џонсон објави дека од 28 септември, како законска обврска ќе биде воведена регулативата според која сите оние кои ќе бидат позитивни на Ковид-19 во земјата, самите треба да се изолираат во своите домови. Соодветно на тоа, објавено е дека оние кои ќе имаат позитивен резултат од тестот и нема да се изолираат во своите домови, во првата фаза може да бидат парично казнети до 1.000 фунти, а при повторно прекршување на законската обврска за самоизолација, можно е да бидат казнети и до 10.000 фунти.

- Бројките во Франција ги надминаа оние од март и април -

Во Франција постепено се зголемува загриженоста од избувнување на втор бран на Ковид-19.

Додека бројот на дневни случаи на заразување во земјата значително се зголеми од почетокот на септември, бројот на регистрирани дневни случаи во последните неколку недели ги надмина бројките од март и април, кога пандемијата го имаше својот врв.

Додека во Франција на 19 септември е забележана највисоката бројка на новозаразени од 13.498 лица од почетокот на пандемијата, во последните денови бројот на нови случаи се движи од 10.000 до 13.000.

Како причина за зголемувањето на бројката на новозаразени се наведува зголемениот број на тестови и непочитувањето на мерките од страна на Французите.

Научниот комитет на Франција соопшти дека е загрижен од вториот бран кој би можел да ја зафати земјата наесен или во претстојнава зима, а Владата против влошувањето на ситуацијата со пандемијата презеде стратегија која предвидува зголемување на бројот на тестови и изолација на заразените со коронавирусот.

Додека администрацијата на претседателот Емануел Макрон во борбата против пандемијата во март и април управуваше од еден центар воведувајќи полициски час, во конкретниов случај, одлуката за преземање мерки во врска со пандемијата им ја препушти на општините и на гувернерствата. Поради тоа, преземени се различни мерки во различни градови.

Меѓу мерките што важат во Франција се обврската за користење маски на јавни места, забраната за собирање на 6 или повеќе од 10 лица и откажување на настаните.

Од друга страна, зголемениот број на оние кои се лекуваат во болници и оние кои се на интензивна нега, уште повеќе ја отежнуваат борбата против Ковид-19 поради недоволните болнички капацитети во земјата.

Во меѓувреме, во Франција се затворени 89 училишта бидејќи кај учениците е детектиран Ковид-19.

- Германија презема нови мерки -

Во Германија, бавното, но стабилно зголемување на случаите на Ковид-19 ги натера властите да преземат низа нови мерки.

Сојузниот министер за здравство, Јенс Спан, изјави дека подготвиле нов акционен план кој вклучува низа мерки, особено за лицата од ризичните групи поради заладувањето на времето.

Според тој план, ќе се формираат центри за мерење на температура низ целата земја, ќе се вршат брзи тестови, со што брзо ќе се утврди дали кај лицата кај кои се забележани одредени знаци на болеста, станува збор за грип или за Ковид-19.

Истакнувајќи дека целта е минимизирање на ризикот од Ковид-19, особено кај постари и хронични пациенти од ризичната група, Спан продолжи со зборовите: „На пример, превентивни сериски тестови треба да се прават во чувствителни подрачја како што се домовите за стари лица. Мораме да вложиме максимални напори за да спречиме вирусот да стигне дотаму.“


- Голем број студенти и наставници во карантин во Германија -

Од друга страна, забележано е зголемување на случаите на Ковид-19 во училиштата низ Германија.

Во германската сојузна држава Баварија, каде што се школуваат 1.650.000 ученици и е една од државите во која вирусот е најраспространет, под карантин се наоѓаат повеќе од 8.800 ученици и 771 наставник.

Во сојузната држава Северна Рајна Вестфалија, во која се населени најголем број од Турците што живеат во Германија, околу 7.000 ученици и 580 наставници се ставени во карантин. Покрај тоа, во оваа држава, поради пандемијата, четири училишта се целосно затворени, а 106 училишта се делумно затворени.


- И во Шпанија се преземаат регионални мерки -

Шпанија, која излегува во преден план како земја во која пандемијата на Ковид-19 е најраспространета во Европа и во која е откриен најголем раст на новозаразени, презема регионални превентивни мерки со цел да спречи прогласување на нова вонредна состојба.

Бројот на општини во кои е ограничена слободата на движење во Шпанија се зголеми на 77 со новите одлуки кои во осум општини на главниот град Мадрид стапија на сила на почетокот на неделава.

Во Мадрид, регионот каде што Ковид-19 е најраспространет на ниво на цела Европа, воведени се регулативи со кои е ограничена слободата на движење на вкупно 855.000 луѓе.

Во рамките на мерките што треба ќе се ревидираат на секои 14 дена, полицијата постави контролни пунктови во населбите каде што пандемијата е најинтензивна, вршејќи увид и дозволувајќи влез само од деловни, училишни, здравствени причини или заради престој.

Во автономната администрација на Мадрид, каде што вкупно живеат повеќе од 6,5 милиони луѓе, воведени се превентивни мерки според кои е дозволено групирање на најмногу 6 лица. Затворени се парковите и градините, намалена е стапката на исполнетост на рестораните и баровите на 50 проценти и сите продавници и деловни простории, вклучувајќи ги тука и трговските центри, треба да бидат затворени најдоцна до 22:00 часот.

Слични мерки на оние што се преземени во Мадрид се спроведуваат во 10 од 17-те автономни администрации на Шпанија, особено во градовите Толедо, Бадахоз, Мурсија, Теруел, Валенсија, Леида, Барселона, Саламанка, Ваљадолид, Оренсе.

За оние што ќе ги прекршат правилата се предвидува парична казна во висина од 600 до 600.000 евра.

- Затворени 115 училишта низ цела Шпанија -

Од друга страна, во период од две недели од почетокот на школската година досега, поради воведената настава лице в лице, затворени се 115 училишта и повеќе од 560 училници низ целата земја поради случаи на заразеност со Ковид-19.

Според последните податоци објавени од Министерството за здравство, во последните три дена забележан е раст на случаи на Ковид-19 за 31.428, со што вкупниот број на лица позитивни на новиот тип на коронавирус изнесува 671.468.

Во последните седум дена во земјата починаа 311 лица, а вкупниот број на смртни случаи во Шпанија се искачи на 30.663.


- Бројката на заразени повторно расте како последица на туристите во Италија -

Во Италија како земја која прва и сериозно беше погодена од пандемијата во Европа, придвижувајќи се кон крајот на летото, дојде до зголемување на новозаразени со Ковид-19, но таа бројка е ниска во споредба со Франција и Шпанија.

Во Италија, која успеа да ја контролира пандемијата пред почетокот на летото, во месец август започна да се зголемува бројот на н�% На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Поврзани теми
Bu haberi paylaşın