свет, Коронавирус

Грција воведе полициски час по зголемувањето на случаите на Ковид-19

Носењето маски стана задолжително и во затворени простории и на отворено, како и во сите јавни установи и приватни компании

Ekipa   | 25.10.2020
Грција воведе полициски час по зголемувањето на случаите на Ковид-19 Фото: Ayhan Mehmet/АА

АТИНА (АА) - Со растот на бројот од случаи на новиот тип коронавирус, Ковид-19, што за две недели е двојно зголемен, Грција воведе ноќен полициски час во областите со висока заразеност, меѓу кои се и градовите Атина, Солун и нивните пошироки региони - каде што живее повеќе од половина од населението во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Исто така, носењето маски стана задолжително и во затворени простории и на отворено, како и во сите јавни установи и приватни компании.

Во четвртокот, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис соопшти нови мерки за запирање на загрижувачкиот раст на заразени со вирусот.

Две третини од леглата на одделите за интензивна нега се полни, а експертите предупредуваат дека капацитетите во болниците ќе се исполнат во следните две недели доколку бројот на случаи продолжи да расте.

Два региони, Касторија и Кожани во северна Грција, веќе се во карантин, бидејќи го достигнаа највисокото ниво на грчкиот систем за проценка на ризик.

Грција во петокот, трет ден по ред, регистрира над 800 заразени, поточно во изминатите 24 часа евидентирани се 841 случај.

Во земјата вчера беа регистрирани 935 новозаразени, што е нов дневен рекорд, со што бројот на случаи од почетокот на епидемијата во земјата се доближува до 30.000.

Во земјата досега од Ковид-19 починаа 564 лица, од кои пет смртни случаи во последните 24 часа. На интензивна нега моментално се наоѓаат 91 лице, додека 270 пациенти се отпуштени од болница.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın