Турција, Коронавирус

Градоначалникот на Истанбул позитивен на Ковид-19, сместен во болница

- Истанбулскиот градоначалник Екрем Имамоглу е позитивен на тестот за новиот вид коронавирус (Ковид-19)

Kenan Irtak   | 24.10.2020
Градоначалникот на Истанбул позитивен на Ковид-19, сместен во болница

ИСТАНБУЛ

Истанбулскиот градоначалник Екрем Имамоглу е позитивен на тестот за новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (AA).

Портпаролот на градоначалникот на Истанбул, Мурат Онгун, преку Твитер соошти дека тестирањето покажало дека Имамоглу е позитивен на Ковид-19.

„Градоначалникот на Истанбул е сместен во болница и неговата здравствена состојба е добра“, наведе Онгун.

Гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја, на својот твитер-профил напиша дека телефонски разговарал со градоначалникот Имамоглу и дека му посакал брзо оздравување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.