свет, Коронавирус

Германија: Над 50.000 лица излекувани од Ковид-19

„Преземените мерки покажуваат ефект. Забележуваме успех. Според податоците на Институтот Robert Koch, постојат околу 110.00 случаи, додека над 50.000 лица се излекувани. Се намалува бројката на нови случаи“, рече Шпан

Erbil Başay   | 09.04.2020
Германија: Над 50.000 лица излекувани од Ковид-19

БЕРЛИН (АА) - Министерот за здравство на Германија Јенс Шпан информира дека се излекувани над 50.000 лица во земјата кои биле заразени со вирусот Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).

Шпан на прес-конференција во Берлин англаси дека за спречување на ширењето на пандемијата на Ковид-19, во Германија се преземени мерки кои сериозно го погодуваат секојдневието во земјата.

„Преземените мерки покажуваат ефект. Забележуваме успех. Според податоците на Институтот Robert Koch, постојат околу 110.00 случаи, додека над 50.000 лица се излекувани. Се намалува бројката на нови случаи“, рече Шпан.

Тој истакна дека преку постепено укинување на ограничувањата во рамки на мерките, постои цел да се нормализира животот, но, според него, овој чекор е сеуште далеку.

Шпан нагласи дека германскиот здравствен систем има добра основа.

Според него, околу 3.000 лица се наоѓаат во интензивна нега поради Ковид-19, и дека над 10.000 кревети за интензивна нега во болниците се празни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın