свет, Коронавирус

Германија: Во последните 24 часа откриени 2.143 случаи со Ковид-19

- Во Германија во последните 24 часа откриени се 2.143 случаи на заразување со новиот вид коронавирус (Ковид-19)

Cüneyt Karadağ   | 24.09.2020
Германија: Во последните 24 часа откриени 2.143 случаи со Ковид-19

БЕРЛИН

Во Германија во последните 24 часа откриени се 2.143 случаи на заразување со новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Институтот „Роберт Кох“, кој врши активности во областа на заразни болести во Германија и ја информира Владата во оваа насока.

Во соопштението се нагласува дека со ова, вкупниот број на откриени случаи со Ковид-19 во земјата се зголеми на 278.070, додека како резултат на овој вирус починале 9.428 лица.

Некои зони на Данска, Португалија, Ирска и Словенија каде што се забележува раст на нови случаи на овој вирус, се вклучени во рамките на зони под ризик од страна на Германија. Меѓу овие зони под ризик се наоѓаат и португалскиот главен град Лисабон и ирскиот главен град Даблин.

Лицата кои се враќаат од зоните под ризик, во случај да не направат тест за Ковид-19 или да не поседуваат негативен резултат, се принудени на 14-дневен карантин.

Владата упатува апел до граѓаните колку што е можно да не патуваат во зоните под ризик.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın