свет, Коронавирус

Во Југоисточна Азија речиси 1 милион активни случаи на коронавирусот

Индонезија, најтешко погодената земја во регионот, има регистрирано речиси 550.000 активни случаи, а потоа следува Малезија со 137.000 случаи

Ekipa   | 22.07.2021
Во Југоисточна Азија речиси 1 милион активни случаи на коронавирусот

ЏAKАРТА (АА) - Бројот на активни случаи на коронавирусот во Југоисточна Азија достигна бројка од речиси еден милион, јавува Агенција Анадолија (АА).

Синоќа, земјите членки на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) објавија кумулативен биланс од 997.778 активни случаи на Ковид-19.

Индонезија, најтешко погодената земја во регионот, има регистрирано речиси 550.000 активни случаи, а потоа следува Малезија со 137.000 случаи.

Тајланд е на третото место со 131.411 случаи, а Мјанмар е на четвртото со 67.832 активни случаи.

Брунеи е земја дел од АСЕАН со најмалку активни случаи, има пријавено само 41 случај.

Во меѓувреме, во регионот администрирани се над 130 милиони дози вакцини против коронавирусот.

Индонезија води во процесот на вакцинација со речиси 60 милиони аплицирани дози, односно 6 отсто од населението е целосно вакцинирано.

Листата продолжува со Филипините, кои имаат администрирано 15 милиони дози од вакцините, а целосно вакцинирани се 4,6 проценти од популацијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.