свет, Коронавирус

Во Шпанија 28.355 починати поради Ковид-19

- Во неделен извештај на Шпанија се наведува дека последните 7 дена се регистрирани 20 починати од Ковид-19. - Владата на Португалија објави дека од Ковид-19 во последните 24 часа починале 8 лица

Şenhan Bolelli   | 30.06.2020
Во Шпанија 28.355 починати поради Ковид-19

МАДРИД

Министерството за здравство на Шпанија објави дека последната недела дена од последици предизвикани од заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) починале20 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Шпанија продолжува да ги ревидира бројките поврзани со смртни случаи предизвикани од Ковид-19, поради што објавува само неделни информации за бројката на смртни случаи и информации за новозаразените на дневно ниво. Бројката од 28.346 лица починати од коронавирусот што вчера беше објавена денес е ревидирана за 9 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во Шпанија изнесува 28.355.

Во објавениот неделен извештај се наведува дека последните 7 дена се регистрирани 20 починати од Ковид-19, од кои најголемиот број потекнуваат од автономната област Мадрид (8).

Според PCR тестовите, во последните 24 часа вкупниот број на лица кои се позитивни на коронавирусот изнесува 249.271, од кои 99 во последните 24 часа.

Утре се отвора границата меѓу Шпанија и Португалија.


- Ситуацијата во Португалија

Владата на Португалија објави дека во последните 24 часа починале 8 лица, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи предизвикани од пандемијата на коронавирусот на 1.576.

Во последните 24 час детектирани се 229 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупниот број на лица заразени со новиот тип на коронавирусот се искачи на 42.141.

Во последните 24 часа оздравеле 300 заразени со Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на оздравени на 27.505.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın