свет, Коронавирус

Во Шпанија последните 24 часа нема починати од Ковид-19

- Пикот на заразата во Шпанија е забележана на 2 април кога како последица на од заразеност со Ковид-19 во еден ден животот го загубија 950 лица, а позитивни на тестот биле повеќе од 8.000 лица.

Şenhan Bolelli   | 01.06.2020
Во Шпанија последните 24 часа нема починати од Ковид-19

МАДРИД

Министерството за здравство на Шпанија информираше дека последните 24 часа нема починати како последица на заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

Шпанското министерство за здравство ги ажурираше податоците во врска со Ковид-19 во земјата.

Министерството за здравство кое продолжува со ревизијата на податоците поврзани со Ковид-19, на неделниот брифинг соопшти дека последната недела дена од последици предизвикани од заразенсот со Ковид-19 починале 35 лица.

Вчера истото министерство имаше објавено дека бројот на починати од Ковид-19 во текот на изминатата недела изнесува 39.

Министрството информираше дека во 8 од 17 автономни области во земјата не се регистрирани смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19.

Во соопштението се наведува дека според PCR тестовите, во последните 24 часа се детектирани 71 лице позитивно на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени изнесува 239.638

Во Шпанија во која вонредната состојба е воведена на 14 март, може да се забележи дека постои сериозен пад на новозаразени. Вчера беа детектирани 96 лица позитивни на Ковид-19, додека денес се детектирани 71.

Пикот на заразата во Шпанија е забележан на 2 април кога како последица на заразеност со Ковид-19 во еден ден животот го загубија 950 лица, а позитивни на тестот биле повеќе од 8.000 лица.

Од друга страна, се забележува дека автономните области Мадрид и Каталонија продолжуваат да бидат центри на зарзата во Шпанија.

Последните 24 часа во Мадрид се детектирани 18, а во Каталонија 16 новозаразени.

Мадридската полиција објави дека изминатиот викенд упаднале на 270 домашни забави и на 34 групи кои организирале забави на улица.

Според добиените информации, поради прекршување на законите во вонредна состојба, лицата добиле парична казна во висина од 900 евра.

Лево-ориентираната коалициска влада на Шпанија планира неделава во парламентот да побара вонредната состојба која завршува на 7 јуни планира да биде продолжена до 21 јуни.

Според периодот на нормализирање на состојбата во Шпанија во 4 фази која беше воведена на 4 мај, почнувајќи од денес 70% од населението на земјата се наоѓа во 3-та фаза, а 30% во 2 фаза. Четири мали острови на Канарските и Балеарските Острови преминаа во последната фаза.


- Состојбата во Португалија

Владата на Португалија објави дека последните 24 часа од последици на заразеност со Ковид-19 животот го загубиле 14 лица, со што вкупниот број на починати се искачил на 1.424.

Во последните 24 часа регистрирани се 200 лица позитивни на Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на зарзени на 32.700.

Во главниот град Лисабон и неговата околина кои се места со поинтензивна застапеност на заразата, последните 24 часа детектирани се 193 новозаразени. Во соопштението на португалската Влада се наведува дека меѓу новозаразените лица 41% се на возраст под 39 години.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.