свет, Коронавирус

Во Шпанија од пандемијата на Ковид-19 досега починаа 15.843 лица

Во последните 24 часа од пандемијата на Ковид-19 во Шпанија починаа 605 лица, вкупно 15.834 смртни случаи досега

Şenhan Bolelli   | 10.04.2020
Во Шпанија од пандемијата на Ковид-19 досега починаа 15.843 лица

МАДРИД

Во Шпанија како последица на заразување со Ковид-19 во изминатите 24 часа починаа 605 лица, со што вкупниот број на починати достигна 15.843, јавува Агенција Анадолија (АА).

Од Министерството за здравство на Шпанија е соопштено дека е потврдено заразување кај уште 4.576 лица и дека вкупниот број на заразени во таа земја во моментот изнесува 157.022.

Се наведува дека бројот на заразени на дневно ниво се зголемил за само три отсто, што е најмал пораст од почетокот на епидемијата во Шпанија, а забележан е најмал број на починати во последните 17 дена.

Во изминатите 24 часа се излекувани 3.503 заразени пациенти, со што вкупниот број на излекувани се зголеми на 55.668.

Жариштето на коронавирусот во Шпанија е сè уште Мадрид, каде што вкупниот број на заразени е зголемен на 44.783, а починаа вкупно 5.972 лица.

Шпанскиот Парламент, прифаќајќи ја одлуката на Владата, ја продолжи вонредната состојба до 26 април.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın