свет, Коронавирус

Во Шпанија нови 849 смртни случаи од коронавирусот во изминатите 24 часа

Во земјата хоспитализиани се 49.243 луѓе, а околу 20.000 се излекувани. Потврдени се над 9.000 нови случаи на вирусот, односно вкупно 94.417

Ekipa   | 31.03.2020
Во Шпанија нови 849 смртни случаи од коронавирусот во изминатите 24 часа

ОВИЕДО (АА) - Во Шпанија во последните 24 часа починаа 849 лица заразени со новиот вид коронавирус, со што бројот на смртни случаи во земјата е зголемен на 8.198, покажуваат податоците на шпанското Министерство за здравство, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Во земјата поради Ковид-19 хоспитализиани се 49.243 луѓе, а околу 20.000 се излекувани. Потврдени се над 9.000 нови случаи на вирусот, односно вкупно 94.417.

Вчера шпанските власти потврдија дека околу 13.000 медицински работници во земјата се заразени со коронавирусот.

Иако дополнителната опрема продолжува да пристигнува, медицинските асоцијации предупредуваат дека лекарите и медицинските техничари работат во нездрави услови поради недостигот од заштитна опрема.

Локалните медиуми известија и за голем број работници кои стојат во редици и чекаат заштитна опрема, за која многумина велат дека е неадекватна.

Вчера беше објавено дека Фернандо Симон, раководителот на Итната медицинска помош во Шпанија и раководител на активностите на Владата во борбата против коронавирусот, е заразен.

Марија Хозе Сиера, која го наследи Симон, укажа на променливиот тренд во еволуцијата на вирусот во Шпанија, истакнувајќи дека пропорционалниот број нови потврдени случаи е во опаѓање. 

Во Шпанија преземени се низа мерки за спречување на ширењето на вирусот, а оваа седмица се и дополнително заострени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın