Во светот со коронавирусот досега се заразиле над 92,7 милиони луѓе
Со пандемијата на Ковид-19 најсилно се погодени Соединетите Американски Држави (САД), каде вирусот е потврден кај 23.616.345 лица

АНКАРА (АА) - Во светот со новиот тип на коронавирус досега се заразени над 92,7 милиони луѓе, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка состојба од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци објавени денес, бројот на случаи на коронавирусот во светот е зголемен на 92.788.983.
Досега во светот починале 1.986.903 лица како резултат на коронавирусот, Ковид-19, додека над 66,2 милиони се излекувани.
Со пандемијата на Ковид-19 најсилно се погодени Соединетите Американски Држави (САД), каде вирусот е потврден кај 23.616.345 лица.
Според бројот на заразени, по САД следат Индија (10.512.831), Бразил (8.257.459), Русија (3.471.053), Велика Британија (3.221.576), Франција (2.830.442) и Турција (2.355.839), Италија (2.319.036), Шпанија (2.176,089) и Германија (1.980.861).