свет, Коронавирус

Во светот досега евидентирани над 34 милиони лица позитивни на Ковид-19

Од почетокот на епидемијата досега во светот починаа 1.015.380 лица, а оздравеа 25.267.863 лица. Бројот на активни случаи на Ковид-19 изнесува 7.737.068.

Emre Aytekin   | 30.09.2020
Во светот досега евидентирани над 34 милиони лица позитивни на Ковид-19

АНКАРА (АА) – На светско ниво, бројката на лица позитивни на Ковид-19 надмина 34 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците објавени на интернет-сајтот „Worldometer“, што секојдневно ги ажурира информациите поврзани со пандемијата на новиот тип коронавирус во земјите од светот, досега позитивни на Ковид-19 се 34.020.311 лица.

Земја со најголем број лица кај кои е детектиран коронавирусот се САД со 7.420.300 заразени.

Првите 10 земји во светот со најголем број лица кај кои е детектиран Ковид-19 по САД се:

Индија (6.287.238), Бразил (4.787.637), Русија (1.176.286), Колумбија (824.042), Перу (811.768), Шпанија (769.188), Мексико (738.163), Аргентина (736.609), Јужноафриканска Република (672.572) и Франција (550.690).

Во Турција регистрирани се 318.663 лица заразени со коронавирусот.

Од почетокот на епидемијата досега во светот починаа 1.015.380 лица, а оздравеа 25.267.863 лица. Бројот на активни случаи на Ковид-19 изнесува 7.737.068.

Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март годинава прогласи глобална пандемија на Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın