свет, Коронавирус

Во САД од Ковид-19 починаа уште 927 лица

Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа е поголем за 72.589 и изнесува 9.039.170

Mücahit Oktay   | 28.10.2020
Во САД од Ковид-19 починаа уште 927 лица

ЊУЈОРК (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа од последиците предизвикани од новиот тип коронавирус починаа 927 лица или вкупно 232.101, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Податоците на веб-страницата „Worldometer“ покажуваат дека бројот на заразени во САД во последните 24 часа е поголем за 72.589 и изнесува 9.039.170.

Во последните 24 часа потврдени се 927 нови смртни случаи од вирусот, односно вкупно досега 232.101.

Од вирусот досега се излекуваа над 5,87 милиони луѓе, додека за присуство на вирусот направени се над 135 милиони тестирања.

Најголем број случаи на вирусот, 927.518, се потврдени во сојузната држава Тексас, по која следуваат Калифорнија со 916.737 случаи и Флорида со 786.311 случаи.

Њујорк е сојузна држава со најголем број смртни случаи (33.600).

По САД, според бројот на заразени следуваат Индија (над 7,99 милиони) и Бразил (над 5,44 милиони заразени).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın