свет, Коронавирус

Во Русија речиси 753 илјади заразени со Ковид-19

- Канцеларијата за заштита на правата на потрошувачите и здравјето на луѓето соопшти дека во Русија во последните 24 часа се извршени 298.000 тестирања, зголемувајќи ја вкупната бројка на повеќе од 24 милиони

Ali Cura   | 16.07.2020
Во Русија речиси 753 илјади заразени со Ковид-19

МОСКВА

Во Русија досега се детектирани 752.797 лица позитивни на коронавирусот, додека од последици на заразеност со Ковид-19 бвкупниот број на починати се зголеми на 11.937, јавува Агенција Анадолија (АА).

Центарот за спречување и контрола на заразата на коронавирусот во Русија соопшти дека во последните 24 часа, инфекцијата со Ковид-19 е потврдена кај уште 6.428 лица, вкупно 752.797 досега.

Во последните 24 часа во таа земја се потврдени 167 смртни случаи, зголемувајќи го вкупниот број на починати од коронавирусот на 11.937, додека бројката на оздравени се зголеми за 8.443 и во моментов изнесува 531.692.

Стапката на раст на новозаразените на дневно ниво и понатаму е 0,9%, додека 24,1% на новозаразените се асимптоматични.

Канцеларијата за заштита на правата на потрошувачите и здравјето на луѓето соопшти дека во Русија во последните 24 часа се извршени 298.000 тестирања, зголемувајќи ја вкупната бројка на повеќе од 24 милиони.

- Бесплатни тестови на Ковид-19 во Москва

Анастасија Ракова, заменичката на градоначалникот на Москва, изјави дека граѓаните на Москва од денеска можат бесплатно да се тестираат.

„Од денеска се отворени центрите во кои граѓаните можат да направат тест на Ковид-19. Овозможивме 162 локации за тестирање на возрасни и 45 локации за тестирање за деца, така што лесно може да се тестираат“, објасни Ракова.

Првиот случај на заразеност со коронавирусот во Русија е регистриран на 31 јануари, додека првиот смртен случај се случи на 19 март.

Коронавирусот кон крајот на минатата година за првпат се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (WHO) на 11 март годинава прогласи глобална пандемија на Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın