свет, Коронавирус

Во Русија бројот на случаи на Ковид-19 надмина 1 милион 384 илјади

Во последните 24 часа во земјата откриени се 14.922 нови случаи на вирусот, со што е забележан рекорд на дневно на откриени случаи од почетокот на пандемијата

Dmitri Chirciu   | 17.10.2020
Во Русија бројот на случаи на Ковид-19 надмина 1 милион 384 илјади

МОСКВА

Во Русија бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 24.002, додека бројот на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 1.384.235, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 14.922 нови случаи на вирусот, со што е забележан рекорд на дневно на откриени случаи од почетокот на пандемијата.

Со ова, вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 1.384.235.

Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 279 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 24.002.

Оздравеа уште 8.617 лицa, со што вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 1.065.199 лица.

Во Русија направени се над 53,3 милиони тестирања за Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın