свет, Коронавирус

Во последните 24 часа Ковид-19 е причина за смртта на 1.141 лице во Индија, 831 во Бразил и 490 во Мексико

- Поради заразување со новиот тип коронавирус, во последните 24 часа во Индија починаа 1.141 лице во Индија, 831 во Бразил и 490 во Мексико

Emre Aytekin,Sinan Doğan   | 25.09.2020
Во последните 24 часа Ковид-19 е причина за смртта на 1.141 лице во Индија, 831 во Бразил и 490 во Мексико

АНКАРА

Во соопштението што го издаде Министерството за здравство на Индија се наведува дека како последица на заразување со Ковид-19 во земјата починале 1.141 лице, со што вкупната бројка на смртни случаи се зголеми на 92.290, известува Агенција Анадолија (АА).

Во последните 24 часа во Индија се детектирани 86.052 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупниот број на лица кај кои е детектиран коронавирусот се искачи на 818.571.

Според интернет-страницата „Worldometer“, Индија, која е една од земјите во светот во кои се забележани најголеми бројки на заразени и смртни случаи на дневно ниво, според вкупниот број на заразени се наоѓа на второ место во светот, а трета според вкупниот број на починати од последици на заразување со Ковид-19.


- Бразил

Бразил е земја која се наоѓа на третото место во светот според вкупниот број на заразени со коронавирусот. Во последните 24 часа во оваа земја од последици на заразување со Ковид-19 животот го загубија 831 лице.

Според податоците на Министерството за здравство на Бразил, вкупната бројка на смртни случаи во Бразил се искачи на 139.808, од кои 831 во последното деноноќие. Вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот изнесува 4.657.702, од кои 32.817 во последните 24 часа.

Досега оздравеа 4.23.789 лица кај кои претходно бил детектиран коронавирусот.

Бразил со популација од 211 милиони жители важи за епицентар на пандемијата со коронавирусот во Јужна Америка.


- Мексико

Министерството за здравство на Мексико објави дека во последните 24 часа во земјата се регистрирани 490 смртни случаи предизвикани од заразување со новиот тип коронавирус, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 75.439.

Во Мексико вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 715.457, од кои 5.408 се регистрирани во последните 24 часа.

Во оваа земја досега оздравеа 514.760 лица кои биле позитивни на Ковид-19.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın