свет, Коронавирус

Во Мексико воведена здравствена вонредна состојба

- Мексико воведе здравствена вонредна состојба откако во земјата како последица од заразеност со новиот тип на коронавирусот животот го загубија 28 лица, а кај 1.094 е детектиран вирусот

Sinan Doğan   | 31.03.2020
Во Мексико воведена здравствена вонредна состојба

АНКАРА

Мексико воведе здравствена вонредна состојба откако во земјата како последица од заразеност со новиот тип на коронавирусот животот го загубија 28 лица, а кај 1.094 е детектиран вирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерот за надворешни работи на Мексико Марсело Ебрард и заменик министерот за здравство Хуго Лопез-Гател, во националанта палата одржаа прес-конференција на која објавија дека во земјата е воведена здравствена вонредна состојба поради ризикот од распространување на Ковид-19.

Ебрард кој посочи на опасноста од распространување на Ковид-19, истакна „Во периодот од 30 март до 30 април суспендирани се сите активности во јавниот и приватниот сектор, освен оние задолжителните.“

Ебрард велејќи дека вирусот забрзано се шири, ги предупреди лицата на возраст над 60 години, лицата со висок крвен притисок, болните од дијабетес и трудниците да останат во своите домови.

Заменик министерот за здравство Лопез-Гател информираше дека како последици предизвикани од заразеност со Ковид-19, во изминатите 24 часа животот го загубиле 8 лица, со што бројот на починати во Мексико се искачи на 28.

Лопез-Гател истакна дека вирусот сѐ уште се наоѓа во нагорна линија, барајќи од граѓаните да не излегуваат од своите домови доколку не се приморани на тоа.

Заменик министерот за здравство Лопез-Гател информираше дека досега во Мексико се детектирани 1.094 случаи на заболени од новиот тип на коронавирусот, а бројот на сомнителни случаи на заразеност изнесува 2.752.

Претседателот на Мексико Андрес Мануел Лопез Обрадор минатата недела преку социјалната мрежа Твитер објави „Освен во итни случаи, останете дома со цел заштита на вашето здравје и безбедност. Да продолжиме да ги заштитуваме нашите постари и болни лица“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.