свет, Коронавирус

Во Кина регистрирани 19 нови случаи на Ковид-19, во Јужна Кореја 43

Кинеската Национална комисија за здравство соопшти дека во земјата во последните 24 часа се регистрирани 19 нови случаи на вирусот. Смртни случаи не се евидентирани.

Büşra Selvi Öğütcen   | 30.06.2020
Во Кина регистрирани 19 нови случаи на Ковид-19, во Јужна Кореја 43

ПЕКИНГ/СЕУЛ (АА) – Во Кина, во изминатите 24 часа откриени се 19 нови случаи на новиот вид коронавирус, Ковид-19, додека во Јужна Кореја дијагностицирани се 43 нови случаи, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Кинеската Национална комисија за здравство соопшти дека во земјата во последните 24 часа се регистрирани 19 нови случаи на вирусот. Смртни случаи не се евидентирани.

Во Кина вкупниот број на потврдени случаи е зголемен на 83.531, додека бројот на смртни случаи на 4.634.

На 11 јуни регистриран е ненадеен пораст на случаите со Ковид-19 поврзани со пазарот на големо „Шинфади“ во Пекинг.

Пазарот беше затворен, сите вработени беа тестирани, а 11 станбени области во близина на пазарот беа ставени во карантин.

За да се спречи ширењето на епидемијата во главниот град, наставата привремено е прекината, а исто така прекинати се и колективните спортски и културни активности.

На тестирањата извршени во салоните за убавина и берберските салони во градот не се евидентирани случаи со вирусот. Со тоа се смета дека епидемијата е под контрола.

- Во Јужна Кореја во текот на 24 часа регистрирани 43 новозаразени со Ковид-19 -

Од Центарот за контрола и превенција на болести на Јужна Кореја соопштија дека во последните 24 часа се идентификувани 43 нови случаи на Ковид-19. Починати од коронавирусот нема.

Најголем број од новите случаи со Ковид-19 регистрирани се во главниот град Сеул и околината.

Во последниот период најголем број случаи на Ковид-19 се забележани кај граѓаните кои посетувале ноќни клубови, цркви, кај лица што работеле во магацин на една компанија за електронска трговија и кај продавачите на пазарите.

Од Центарот е истакнато дека бројот на заразени со Ковид-19 во земјата е зголемен на 12.800, а дека од коронавирусот досега починале 282 лица.

Во меѓувреме, министерот за здравство на Јужна Кореја, Парк Неунг-хоо, рече дека Владата ќе преземе поостри мерки за социјално дистанцирање ако бројот на случаи во земјата продолжи да расте.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın