свет, Коронавирус

Во Кина во последните 24 часа регистрирани 2 нови случаја на Ковид-19, во Јужна Кореја 27

Од Центарот за контрола и превенција на болести во Јужна Кореја соопштија дека во последните 24 часа се идентификувани 27 нови случаи на Ковид-19, претежно во главниот град Сеул

Emel Gözellik   | 31.05.2020
Во Кина во последните 24 часа регистрирани 2 нови случаја на Ковид-19, во Јужна Кореја 27

АНКАРА (АА) – Во Кина, во изминатите 24 часа откриени се 2 нови случаја на новиот вид коронавирус, Ковид-19, а во Јужна Кореја 27 нови случаи, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Кинеската национална комисија за здравство истакна дека во земјата во последните 24 часа се регистрирани 2 нови случаја со вирусот во покраината Шантунг.

Во соопштението се нагласува и дека излекувани се 2 лица од Ковид-19 и отпуштени од болница, а 565 лица кои биле во карантин поради сомневање дека го носат вирусот се пуштени.

Од Центарот за контрола и превенција на болести во Јужна Кореја соопштија дека во последните 24 часа се идентификувани 27 нови случаи на Ковид-19, претежно во главниот град Сеул.

Наведено е дека бројот на заразени со Ковид-19 во земјата е зголемен на 11.468. Во Јужна Кореја од коронавирусот починаа 270 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın