свет, Коронавирус

Во Иран од вирусот Ковид-19 досега починаа 2.898 лица

Во последните 24 часа од коронавирусот во Иран починаа 141 лица

Ahmet Dursun   | 31.03.2020
Во Иран од вирусот Ковид-19 досега починаа 2.898 лица

АНКАРА (АА ) – Бројот на починати од новиот вид коронавирус, Ковид-19, во Иран, во последните 24 часа се зголеми за 141, со што вкупната бројка на смртни случаи се искачи на 2.898, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на Министерството за здравство, Кијануш Џиханпур, преку иранската државна телевизија соопшти дека во изминатите 24 часа од вирусот Ковид-19 починале 141 лице.

Со тоа вкупниот број смртни случаи во земјата се зголеми на 2.898, додека бројот на заразени се зголеми за 3.111 и ја достигна бројката од 44.606.

Тој исто така наведе дека состојбата на 3.703 заболени пациенти кои се лекуваат во болниците е тешка.

- Излекувани се повеќе од 14 илјади лица -

Наведувајќи дека за 24 часа излекувани се 745 лица и пуштени од болница, Џиханпур рече дека досега од коронавирусот закрепнале вкупно 14.656 лица.

Џиханпур исто така нагласи дека над 65 милиони лица се тестирани во рамките на Националната кампања против коронавирусот, која започна на 5 март.

Соопштено е дека Ковид-19 во Иран за првпат беше детектиран на 19 февруари во градот Ком.

На 5 март Иран соопшти дека во рамките на планот наречен „Национална кампања против коронавирусот“, со екипа од 300.000 луѓе започна тестирање на луѓето низ целата земја, особено во провинциите каде што вирусот е најзастапен.

 

 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın