свет, Коронавирус

Во Иран во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 415 лица

Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 починале уште 415 лица

Muhammet Kurşun   | 28.10.2020
Во Иран во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 415 лица

ТЕХЕРАН

Во Иран, бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 33.714, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 починале уште 415 лица.

Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран пораснал на 33.714.

Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 6.824 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголемил на 588.648.

Според Лари, 5.012 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 467.917 лица. 

Таа нагласи дека во Иран досега се направени 4.821.681 тестирање за Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın