свет, Коронавирус

Во Иран во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 190 лица

Во земјата се дијагностицирани уште 3.512 случаи на заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголеми на 449.960

Muhammet Kurşun   | 28.09.2020
Во Иран во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 190 лица

ТЕХЕРАН

Бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Иран се зголеми на 25.779, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 починале уште 190 лица.

Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран пораснал на 25.779.

Таа информираше дека во земјата се дијагностицирани уште 3.512 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголеми на 449.960.

Според Лари, 4.068 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 376.531 лице.

Портпаролката Лари нагласи дека во Иран досега се направени 3.959.783 тестирања за Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın