свет, Коронавирус

Во Иран бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 25.589

Во земјата се дијагностицирани уште 3.362 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголеми на 446.448

Muhammet Kurşun   | 27.09.2020
Во Иран бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 25.589

ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран, бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 25.589, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 починале уште 195 лица.

Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран пораснал на 25.589.

Таа информираше дека во земјата се дијагностицирани уште 3.362 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголеми на 446.448.

Според Лари, 4.059 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 374.170 лица.

Портпаролката Лари нагласи дека во Иран досега се направени 3.932.571 тестирање за Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın