свет, Коронавирус

Во Иран бројот на починати од Ковид-19 надмина 30.000

Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 починале уште 253 лица

Muhammet Kurşun   | 17.10.2020
Во Иран бројот на починати од Ковид-19 надмина 30.000

ТЕХЕРАН

Во Иран, бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) надмина 30.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 починале уште 253 лица.

Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран пораснал на 30.123.

Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 4.103 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголеми на 526.490.

Според Лари, 4.721 заразено лице се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 423.921 лице.

Портпаролката Лари нагласи дека во Иран досега се направени 4.482.263 тестирања за Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın