свет, Коронавирус

Во Индија рекорден број на смртни случаи во еден ден од последиците на Ковид-19

- Податоците на Министерството за здравство на Индија покажуваат дека во последните 24 часа е регистриран 348.421 случај на заразување и 4.205 смртни случаи.

Nuri Aydın   | 12.05.2021
Во Индија рекорден број на смртни случаи во еден ден од последиците на Ковид-19 Фото: Имтијаз Кан / АА

АНКАРА 

Во Индија во последните 24 часа од последиците на вирусот починаа 4.205 лица, што е најмногу досега во еден ден, јавува Агенција Анадолија (АА).

Податоците на Министерството за здравство на Индија покажуваат дека во последните 24 часа е регистриран 348.421 случај на заразување и 4.205 смртни случаи.

Станува збор за најголем број на смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата.

Сепак, експертите предупредуваат дека бројот на заразените и починатите би можел да биде многу поголем отколку што е соопштено.

До сега во Индија со коронавирус се заразени 23.340.938 лица, а од последиците на вирусот починаа 254.197 заразени.

Активни се 3.704.099 случаи на заразување.

Во Индија која има околу 1,4 милијарди жители од 16 јануари се дадени повеќе од 175,23 милиони дози на вакцина против Ковид-19, но тоа сеуште не е доволно ширењето на заразата да биде запрено.

Во одредени центри за вакцинација во Нагпур, Махараштра, моментално поради недоволниот број на дози на вакцина е запрен процесот на имунизација.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın