свет, Коронавирус

Во Индија во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 587 лица

- Во Индија, во последните 24 часа од новиот вид коронавирус (Ковид-19) починаа уште 587 лица,

Nuri Aydın   | 20.10.2020
Во Индија во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 587 лица

АНКАРА

Во Индија, во последните 24 часа од новиот вид коронавирус (Ковид-19) починаа уште 587 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство на Индија.

Се истакнува дека во последните 24 часа како последица на овој вирус починале 587 лица.

Со ова, вкупниот број на починати од Ковид-19 во Индија се зголеми на 115.197.

Откриени се уште 46.790 нови случаи на вирусот, со што вкупната бројка на откриени случаи во оваа земја порасна на 7.597.063.

Во Индија од Ковид-19 досега оздравеа 6.733.328 лица.

Според веб-страницата „Worldometer“, која објавува податоци во врска со пандемијата на Ковид-19 воземјите од светот, Индија е втора земја во светот според бројот на лица позитивни на коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın