свет, Коронавирус

Во изминатите 24 часа во Франција нови 231 смртен случај од коронавирусот

Жером Саломон, од француското Министерство за здравство, изјави дека бројот на потврдени случаи на вирусот се зголемил за 2.933, на вкупно 25.233

Yusuf Özcan   | 25.03.2020
Во изминатите 24 часа во Франција нови 231 смртен случај од коронавирусот

ПАРИЗ (АА) - Бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Франција во последните 24 часа се зголеми за 231 лице, со што вкупниот број достигна 1.331, јавува Агенција Анадолија (AA).

Жером Саломон, од француското Министерство за здравство, изјави дека бројот на потврдени случаи на вирусот се зголемил за 2.933, на вкупно 25.233.

Тој истакна дека на интензивна нега се наоѓаат 2.827 заразени лица, напоменувајќи дека 59 отсто од нив се лица на возраст меѓу 60 и 80 години.

Нагласи дека досега во земјата од коронавирусот се излечени околу 3.900 лица.

Додаде и дека 86 отсто од лицата кои починале од вирусот биле лица постари од 70 години.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın