свет, Коронавирус

Во Германија рекорден број на починати од Ковид-19 за едно деноноќие

Во последните 24 часа починаа уште 426 лица, со што вкупната бројка на починати од Ковид-19 во Германија порасна на 15.586

Erbil Başay   | 27.11.2020
Во Германија рекорден број на починати од Ковид-19 за едно деноноќие

БЕРЛИН (АА) - Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Германија надмина 1 милион, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Институтот „Роберт Кох“, во последните 24 часа во Германија дијагностицирани се 22.806 случаи.

Со ова, вкупниот број на случаи во земјата се зголеми на 1.006.394.

Во последните 24 часа починаа уште 426 лица, со што вкупната бројка на починати од Ковид-19 во Германија порасна на 15.586.

Бројката на починати во последните 24 часа е највисоката бројка на починати од овој вирус регистриран досега во Германија.

Досега во земјата од Ковид-19 оздравеа 696.100 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın