свет, Коронавирус

Во Германија регистрирани рекордни над 10.000 случаи на заразување со Ковид-19

Според бројките објавени од Институтот „Роберт Кох“, бројот на случаи на Ковид-19 во текот на изминатите 24 часа се зголеми за повеќе од 3.500, при што вчерашната бројка изнесуваше 7.595

Ayhan Şimşek   | 22.10.2020
Во Германија регистрирани рекордни над 10.000 случаи на заразување со Ковид-19

БЕРЛИН

Во Германија денеска се регистрирани рекордни 11.287 нови случаи на заразување со Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ова е првпат од почетокот на пандемијата во Германија да има повеќе од 10.000 заразувања во еден ден.

Според бројките објавени од Институтот „Роберт Кох“, бројот на случаи на Ковид-19 во текот на изминатите 24 часа се зголеми за повеќе од 3.500, при што вчерашната бројка изнесуваше 7.595.

Локалните здравствени власти забележаа 30 нови жртви во текот на изминатиот ден, со што бројот на починати од пандемијата изнесува 9.905.

Германскиот министер за здравство, Јенс Спах или Шпан? Spahn вчера објави дека е позитивен на Ковид-19 и дека се наоѓа дома во карантин.

Соседните земји на Германија - Франција, Холандија, Швајцарија, Австрија и Полска и Чешка, исто така забележаа зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 на дневно ниво, и поради тоа властите се принудени да воспостават нови рестриктивни мерки со цел спречување на вирусот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın