свет, Коронавирус

Во Британија 13-годишно дете почина од Ковид-19

- Се дознава дека дете на 13 годишна возраст кое немало здравствени проблеми починало од последици предизвикани од Ковид-19

Hasan Esen   | 01.04.2020
Во Британија 13-годишно дете почина од Ковид-19

ЛОНДОН

Се дознава дека дете на 13 годишна возраст кое немало здравствени проблеми починало од последици предизвикани од Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).

Тринаесетгодишниот Исмаил Мохамед Абдулвахаб е најмладата личност во В.Британија што почина од последици предизвикани од новиот тип на коронавирусот.

Во изјавата на семејството се вели „Исмаил почна да покажува симптоми и имаше потешкотии во дишењето. Пренесен е во болницата Кингс Колеџ. Прво беше врзан на апарат за дишење, по што беше ставен во вештачка кома, но за жал почина.“

Семејството изјави дека нивното дете немало некаков здравствен проблем и истакнаа дека поради високата заразност што ја предизвикува вирусот, не биле во можност да бидат покрај своето дете во последните моменти од неговиот живот.

Во соопштението што го дадоа од болницата Кингс Колеџ се потврдува смртта на детето, велејќи „За жал почина 13-годишното дете кое беше позитивно на Ковид-19“.

Во вестите објавени во британскиот печат се вели дека телото на починатото дете сѐ уште не му е предадено на неговото семејстово бидејќи се планира извршување на аутопсија поради возраста на детето и фактот дека детето немало придружни здравствени проблеми.

Во меѓувреме отворена е интернет страница за донации, при што се собрани 6.000 фунти за погребните трошоци на детето.

Во В.Британија од последици предизвикани од новиот тип на коронавирус животот го загубија 393 лица, а кај 1.801 лице е детектиран вирусот Ковид-19.

Се предвидува дека бројот на заразени и смртни случаи во В.Британија ќе продолжи да се зголемува во наредните 2 до 3 недели.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın