свет, Коронавирус

Во Бразил и Мексико пријавени нови смртни случаи од последиците на Ковид-19

Во Бразил досега се регистрирани 31.199 смртни случаи од последиците на Ковид-19. Вкупниот број случаи на заразување од вирусот во втората најпогодена земја во светот достигна 555.383. Во последните 24 часа на Ковид-19 се позитивни 28.936 лица

Fahri Aksüt   | 03.06.2020
Во Бразил и Мексико пријавени нови смртни случаи од последиците на Ковид-19

АНКАРА

Бројот на смртни случаи од последиците на Ковид-19 во Бразил надмина 31.000, со бројката од 1.262 лица починати во последните 24 часа, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во Бразил досега се регистрирани 31.199 смртни случаи од последиците на Ковид-19. Вкупниот број случаи на заразување од вирусот во втората најпогодена земја во светот достигна 555.383. Во последните 24 часа на Ковид-19 се позитивни 28.936 лица.

„Бројот на починати расте и во Мексико, па досега вкупно се потврдени 10.637 смртни случаи од последиците на вирусот. Во однос на претходниот ден регистрирани се 470 починати. Во последните 24 часа на Ковид-19 се позитивни вкупно 3.891 лице, со што вкупниот број на заразени во таа земја се зголеми на 97.326“, се соопштува од Министерството за здравство на Мексико.

Во меѓувреме, Светската здравствена организација (СЗО) минатата недела соопшти дека Латинска Америка станала „црвена зона“ за пренесување на Ковид-19 во светот и дека за тие земји се потребни солидарност и поддршка за да ја надминат пандемијата.

„Четири од 10 земји низ светот со најголем број случаи на заразување со Ковид-19 се во Латинска Америка“, соопштено е од СЗО во понеделникот. Бразил, Перу и Чиле имаат најголем дневен пораст на заразени, но бројот на заразени се зголемува и во Аргентина, Боливија, Колумбија и Хаити.

Пандемијата одзеде повеќе од 380.000 животи низ светот, додека вкупниот број на заразени во светот изнесува над 6,38 милиони. Повеќе од 2,73 милиони лица оздравеа, според податоците собрани од американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın