свет, Коронавирус

Во Бразил во последните 24 часа од заразеност со Ковид-19 починаа 1.156 лица

Во јужноамериканската држава Бразил како последица на заразеност со новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа животот го загубија 1.156 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во оваа земја е зголемен на 26.754

Muhammet Nazım Taşcı   | 29.05.2020
Во Бразил во последните 24 часа од заразеност со Ковид-19 починаа 1.156 лица

АНКАРА

Во јужноамериканската држава Бразил како последица на заразеност со новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа животот го загубија 1.156 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците на Министерството за здравство на Бразил, во последните 24 часа, од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 починале 1.156 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во оваа земја е зголемен на 26.754. Во исто време вкупниот број на лица позитивни на вирусот изнесува 438.238, од кои 26.417 се детектирани во последните 24 часа.

Според информациите што ги објавува интернет-страницата „Worldmeter“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на новиот тип коронавирус во земјите од светот, Бразил е земја со најголем број на заразени и смртни случаи во Латинска Америка, а втора во светот зад САД според бројот на лица позитивни на тестот за Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın