свет, Коронавирус

Во Африка бројот на случаи со Ковид-19 надмина 930.000

Според веб-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа во континентот откриени се вкупно 19.156 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 931.777

Adam Abu-bashal   | 01.08.2020
Во Африка бројот на случаи со Ковид-19 надмина 930.000

АБУЏА 

Во африканскиот континент, бројот на лица детектирани со коронавирус (Ковид-19) се искачи на 931.777, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веб-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа во континентот откриени се вкупно 19.156 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 931.777.

Во последното деноноќие од епидемијата во континентот животот го загубија 364 лица, со тоа вкупната бројка на починати се зголеми на 19.726.

Најголеми жртви од Ковид-19 на континентот се забележани во Јужноафриканската Република, 8.005 смртни случаи, во Египет 4.805 смртни случаи и Алжир со 1.210 смртни случаи.

Засега нема извештаи за смртни случаи на Сејшели и Еритреја.

Бројот на случаи во Јужноафриканската Република се искачи на 493.183, по што следува Египет со 94.078 случаи и Нигерија со 43.151 случаи.

Во Африка, оздравеа 583.665 лица кај кои претходно беше детектиран вирусот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın