свет, Коронавирус

Велика Британија: Бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 44.517

Во изминатото деноноќие откриени се 630 нови случаи на Ковид-19, додека вкупниот број на дијагностицирани случаи во земјата изнесува 286.979

Hasan Esen   | 08.07.2020
Велика Британија: Бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 44.517

ЛОНДОН (АА) – Во Велика Британија во последните 24 часа од новиот вид коронавирус (Ковид-19) починаа 126 лица, со што вкупниот број на смртни случаи од вирусот во земјата се искачи на 44.517, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Оваа информација преку соопштение ја потврди британското Министерство за здравство.

Во соопштението се нагласува дека во последните 24 часа од коронавирусот починале уште 126 лица.

Во последното деноноќие откриени се 630 нови случаи на Ковид-19, додека вкупниот број на дијагностицирани случаи во земјата изнесува 286.979.

Велика Британија е прва во Европа по бројот на починати од Ковид-19, а трета во светот, по САД и Бразил.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın