свет, Коронавирус

Велика Британија: Бројот на починати од Ковид-19 достигна речиси 40 илјади

Во последните 24 часа се откриени уште 1.805 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата се зголеми на 281.661

İlyas Tayfun Salcı   | 04.06.2020
Велика Британија: Бројот на починати од Ковид-19 достигна речиси 40 илјади

ЛОНДОН

Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 176 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 39.904, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Оваа информација на дневна прес-конференција ја потврди Министертот за транспорт на оваа земја, Франт Шапс.

Шапс нагласи дека во последните 24 часа се откриени уште 1.805 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата се зголеми на 281.661.

Во последните 24 часа во земјата се направени 220.057 тестирања за Ковид-19, со што бројот на вкупно извршени тестирања во земјата се зголеми на 5.005.565.

Шапс информира дека почнувајќи од 15 јуни, во јавниот превоз ќе биде задолжително да се носи маска.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın