свет, Коронавирус

Бројот на случаи на Ковид-19 во Африка надмина пет милиони

Во Африка, каде што живеат околу 1,3 милијарди луѓе, до денес се администрирани околу 39 милиони дози вакцини против коронавирусот

Tufan Aktaş   | 10.06.2021
Бројот на случаи на Ковид-19 во Африка надмина пет милиони

ИСТАНБУЛ (АА) - Во Африка од почетокот на пандемијата регистрирани се над пет милиони заразени со коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Податоците објавени денес на страницата „Worldometers“ покажуваат дека досега во Африка од последици на коронавирусот починале 133.746 лица.

Коронавирусот досега е потврден кај 5.009.823 лица, од кои над 4,5 милиони луѓе оздравеа.

Податоците на „Worldometers“ покажуваат дека во Африка, каде што живеат околу 1,3 милијарди жители, до денес се администрирани околу 39 милиони дози вакцини против коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın