свет, Коронавирус

Бројот на починати од Ковид-19 во светот надмина 400.000

Најголем број на смртни случаи поради Ковид-19 се регистрирани во САД, каде починаа 111.656 лица

Muhammet Nazım Taşcı   | 06.06.2020
Бројот на починати од Ковид-19 во светот надмина 400.000

АНКАРА

Бројот на починати поради пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 400.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според интернет страницата „Worldometer“, од Ковид-19 во светот починаа 400.012 лица, додека бројот на случаи со овој вирус во светот се искачи на 6.917.337 лица.

Најголем број на смртни случаи поради Ковид-19 се регистрирани во САД, каде починаа 111.656 лица.

По САД, според бројот на починати лица од Ковид-19 следуваат земјите: Велика Британија (40.465), Бразил (35.139), Италија (33.846), Франција (29.111), Шпанија (27.135), Мексико (13.170), Белгија (9.580), Германија (8.766), Иран (8.209), Канада (7.773), Индија (6.933), Холандија (6.011), Русија (5.725), Перу (5.162) и Шведска (4.656).

Земјите каде бројката на починати надмина 1.000 лица се следни: „Турција (4.648), Кина (4.634), Еквадор (3.534), Пакистан (1.935), Шведска (1.921), Индонезија (1.801), Ирска (1.678), Чиле (1.541), Португалија (1.465), Романија (1.318), Египет (1.166), Полска (1.153) и Колумбија (1.145)“.

Во светот од Ковид-19 се излекувани 3.384.805 лица, додека 3.131.132 лица се во процес на лекување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın