Бројот на откриени случаи на Ковид-19 во светот надмина 96 милиони
Во светот од Ковид-19 починаа 2.049.352 лица, додека 68.654.826 лица оздравеа од овој вирус

АНКАРА
Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 96 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, во светот со Ковид-19 се заразени 96.010.036 лица.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со вирусот се заразени 24.626.376 лица.
По САД следуваат Индија (10.582.647), Бразил (8.512.998238), Русија (3.591.066), Велика Британија (3.433.494), Франција (2.914.725), Турција (2.392.963), Италија (2.390.101), Шпанија (2.336.461), Германија (2.059.314), Колумбија (1.923.132), Аргентина (1.807.428), Мексико (1.649.502), Полска (1.438.914), Јужноафриканската Република (1.346.936), Иран (1.336.217), Украина (1.163.716) и Перу (1.068.802).
Во светот од Ковид-19 починаа 2.049.352 лица, додека 68.654.826 лица оздравеа од овој вирус.