свет, Коронавирус

Бројот на оздравени од Ковид-19 во светот надмина 70 милиони

Во светот 25.333.798 лица се во процес на лекување

Emre Aytekin   | 21.01.2021
Бројот на оздравени од Ковид-19 во светот надмина 70 милиони

АНКАРА (АА) - Бројот на оздравени од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 70 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според интернет страницата „Worldometers“, 70.002.166 лица успеаја во битката против Ковид-19.

Првите четири земји во светот во кои се регистрирани најмногу случаи на Ковид-19, се исто така земји каде се регистрирани најмногу оздравени пациенти.

Во САД оздравеа 14.970.226 лица, во Индија 10.265.706, во Бразил 7.564.622, и во Русија 3.054.218 лица.

Меѓу другото, во Турција заклучно со 20 јануари од вирусот се излекуваа 2.813.919 лица.

Во светот 25.333.798 лица се во процес на лекување.

Бројот на откриени случаи на вирусот во светот изнесува 97.422.123, додека како последица на Ковид-19 досега починаа 2.086.159 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.