Турција, Коронавирус

Бројот на нови случаи на Ковид-19 во Турција втор ден под 1.000

Во изминатите 24 часа регистрирани се 947 нови случаи на Ковид-19, со што од почетокот на епидемијата во земјата се дијагностицирани вкупно 215.940 случаи

Havva Kara Aydın   | 16.07.2020
Бројот на нови случаи на Ковид-19 во Турција втор ден под 1.000

АНКАРА (АА) - Турција денес бележи втор ден на помалку од 1.000 нови случаи на коронавирусот, истакна турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во изминатите 24 часа регистрирани се 947 нови случаи на Ковид-19, со што од почетокот на епидемијата во земјата се дијагностицирани вкупно 215.940 случаи, напиша Коџа на Твитер.

Цитирајќи ги податоците на Министерството за здравство, Коџа исто така соопшти дека во последните 24 часа регистирани се 1.013 излекувани лица, со што вкупниот број на оздравени достигна 197.733.

Тој потенцира дека падот на бројот на нови случаи укажува на резилиентноста на земјата во борбата против болеста во изминатите денови.

„Нашиот втор ден со под 1.000 нови случаи“, додаде тој.

Бројот на починати од вирусот се зголеми на 5.419, со 17 нови смртни случаи пријавени во последните 24 часа.

Пандемијата на коронавирусот во светот однесе речиси 580.400 животи во 200 земји и региони, откако вирусот за првпат се појави во Кина минатиот декември.

Досега се регистрирани над 13,3 милиони случаи на Ковид-19 низ целиот свет, додека излекувани се над 7,4 милиони, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.

САД, Бразил, Индија и Русија во моментов се најтешко погодени земји од коронавирусот во светот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın