свет, Коронавирус

Британско истражување: Антителата кон Ковид-19 траат најмалку пет месеци

„Сега знаеме дека повеќето од оние кои имале вирус и развиле антитела се заштитени од повторно заразување“

Ahmet Gürhan Kartal   | 14.01.2021
Британско истражување: Антителата кон Ковид-19 траат најмалку пет месеци

ЛОНДОН (АА) - Антителата на Ковид-19 пружаат имунитет на вирусот неколку месеци, но подоцна е можно повторно заразување, покажа новото истражување спроведено во Велика Британија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во извештајот на Јавното здравство на Велика Британија (PHE) се наведува дека лицето кое ќе оздрави откако било заразено со вирусот ќе биде заштитено од повторно заразување со Ковид-19 најмалку пет месеци, а нивото на заштита изнесува 83 отсто.

Во истражувањето се пронајдени 44 потенцијални повторни заразувања со Ковид-19 меѓу 6.614 учесници кои претходно, докажано, биле заразени, а според претходните наоди некои луѓе со антитела и понатаму можат да го пренесат вирусот.

„Истражувањето пружа досега најјасна слика за природата на заштитата на антителата“, изјави Сузан Хопкинс од Јавно здравство на Велика Британија.

„Сега знаеме дека повеќето од оние кои имале вирус и развиле антитела се заштитени од повторно заразување“, рече таа.

„Ова значи дека и ако верувате дека веќе сте го имале вирусот и сте заштитени, можете да бидете уверени дека е многу малку веројатно дека ќе развиете тешки комликации од вирусот, но сепак постои ризик да го добиете вирусот и да ги пренесете на други. Сега е повеќе од било кога важно да останеме дома и да го заштитиме нашиот здравствен систем и да спасиме животи“, наведе Хопкинс.

Заштитата која ја пружаат постоечките вакцини е различна, „Фајзер“/„БајоНтек“ дава 95 отсто, вакцината на „Модерна“ 94 отсто заштита, додека вакцината на „Оксфорд“/„АстраЗенека“ има ефикасност од 70 отсто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın